Сараево за 8ми март

САРАЕВО

03.03-06.03.2023

 

1 ДЕН 03.03.2023  петок: СКОПЈЕ.Состанок на групата  во 19.30 часот. Поаѓање  во 20.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак... Попатни паузи за царински формалности и кафе паузи.

2 ДЕН 04.03.2023 сабота: ВИШЕГРАД-САРАЕВО: Првото место за посета е Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Пристигнување во Сараево панорамски разглед на градот со локален водич...Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта...Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија… Tesla Pub, Deco bar, HS pivnica Ве очекуваат...Ноќевање.

3 ДЕН 05.03.2023 недела: САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР Појадок. По појадокот - слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва (со попатна посета на познатиот Титовиот бункер-атомско скривалиште на Тито во Коњиц, направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад...АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава...патувањето продолжува за Мостар-најважниот град во Херцеговина...посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век),ремек делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија...слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот...поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица, можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва...враќање во хотел во касните попладневни часови. Вечерта, свечена вечера (шведска маса) и музика во самиот хотел (факултативно). Ноќевање.

4 ДЕН 06.03.2023 понеделник: САРАЕВО-БОСАНСКИ ПИРАМИДИ-ВИСОКО-САРЕВО-СКОПЈЕ Појадок, По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Македонија.

 

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ:   6.510,00ден.(105€)

FIRST MINUTE ЦЕНА(за резервација и уплата од 30%  до 20.02.2022)!

                                                7.440,00 ден. (120 €) – редовна цена

                                   

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

-Автобуски превоз на горенаведената релација

-Разглед на Сараево со локален водич

-2 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 4*www.hotel-holywood.ba

-Посета на Мокра Гора (Дрвенград) и Вишеград

-Организација на патувањето и пратител

 

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

Факултативните излети и посети

-Тунел Спаса  (трансфер+влезница)-15 €

-Коњиц-Мостар-Јабланица-40 € по лице (трансфер+влезница за бункерот)  

-Врело Босне (трансфер+влезница) 2 €

-Влезница за Дрвенград – 2,5 €

-посета на Босански пирамиди(трансфер+влезница) – 25 €

-Свечена Вечера во хотел HOLYWOOD-20 € по лице

- Патничкото осигурување 200,00

-За сингл соба се доплатуваат 45 евра дополнително од аранжманот

- Потребен број за резлизација на секоја факултатива е 35 патници

 

Попусти за деца:

Деца од 0 – 4 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

Деца од 4 до 12 години плаќаат 50 % од аранжманот

 

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијард...). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот.


 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • За ова патување, при влез и излез во Р.Србија или БиХ, може да се приложи ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Т.А.Виста Турс.

      -Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Т.А.Виста Турс.

 

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .