КАПАДОКИЈА

ЦЕНА :
Количина  

КАПАДОКИЈА

СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ- АНКАРА – СОЛЕНО ЕЗЕРО - УРГУП-МУСТАФА ПАША( КАПАДОКИЈА) - КОЊА- ПАМУККАЛЕ- ЕФЕС- КУШАДАСИ- ТРОЈА – ЧАНАККАЛЕ - СКОПЈЕ

 (најдобрата програма со 7 ноќевања)

ТЕРМИНИ:  04.03-13.03.2022

                      21.04.-30.04.2022

                        20.05.-29.05.2022   

 

 

Прв ден. СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок 17.00 часот на однапред договорено место. Заминување на групата во 17:30 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни застанувања -паузи.

Втор ден. ИСТАНБУЛ Пристигнување на групата во раните утрински часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич. Попладнето сместување во хотел. Слободно време за факултативни и индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.

Трети  ден. ИСТАНБУЛ - АНКАРА

По појадокот крстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите палатите изградени од двете страни на Босфорот. По крстарењето упатување на групата за Анкара. Панорамски разглед на Анкара со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција. Потоа сместување во хотел. Ноќевање.

Четврти  ден. АНКАРА- СОЛЕНО ЕЗЕРО -АКСАРАЈ - КАПАДОКИЈА

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Кападокија и попатно разглед на солените езера и Аксарај. Попладнето Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 Петти ден. КАПАДОКИЈА Ѓореме, Аванос, Дервент....... Ноќевање.

Шести ден. КАПАДОКИЈА Летање со балон, Угруп, долина на гулабите...... Ноќевање.

Седми  ден. КАПАДОКИЈА – КОЊА - ПАМУККАЛЕ

Појадок. По појадокот упатување на групата кон Памуккале. Попатно посета на Коња. Пристигнување во Памуккале во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Осми ден. ПАМУКАЛЕ-ЕФЕС- КУШАДАСИ

Појадок. По појадокот, турнеја низ античката Хиераполис: Некропола, Амфитеатар, Храмот на Аполо, бањата на Клеопатра ... Уживање во памукалето - тврдината на памук - уникатно чудо на природата со травертини формирано од таложење на варовник и калциум термичка вода од 37°C. Попладнето упатување на групата кон Ефес. Разглед на античкиот град Ефес и домот на Св.Марија (факултативно влезници). Пристигнување во Кушадаси. Ноќевање.

Девети ден. КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЧАНАККАЛЕ

Појадок. По појадокот упатување на групата кон Троја и Чанаккале. Разгелед на Троја и Чанаккале. Попладнето упатување на групата кон Македонија.

Десетти  ден. СКОПЈЕ

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

редовна цена   17.670 денари (285 €)

до 15.02.2022    15.190 денари (245)  

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

-    Превоз на наведената релација со туристички автобус

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Истанбул

-    Едно ноќевање со појадок   во хотел  со 3 *** во Анкара

-    Три полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  со 4 *** во Кападокија

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Памуккале

-    Едно ноќевање со појадок  во хотел  со 3 *** во Кушадаси

-    Лиценциран туристички водич за време на целото патување, 

-    Локален туристички водич во Анкара,Кападокија и Истанбул

-    Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

-     Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара-6 €

-     Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија-8 €

-     Посета на Тврдината Учхисар-2 €, Посета на Долината Зелве-4 €

-     Ефес-10 €,  куќата на Света Марија-8 € ,

-     Пергамон-10 €

-     Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -30€

-     Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија 45 минути околу 90-130 €

-     Крстарење со брод по Босфор-20 €

-     Долмабахче-20 €

-     Топ капи - 20 €

-     Патничко  осигурување 400,00 ден.                    

                                                                                                                                                    

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници,

ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ  ИЗЛЕТИ: ТРОЈА****ЕФЕС  И  КУЌАТА  НА СВЕТА МАРИЈА** УПЛАТА- 10 дена пред поагање на групата.  Другите факултативни излети  ќе може да се букираат-уплаќаат попатно  кај  водичот-пратителот на  групата.

            ЗА  СЕКОЈ ФАКУЛТАТИВЕН  ИЗЛЕТ-ПОСЕТА НА ЗНАМЕНИТОСТИ ПОТРЕБНО Е МИНИМУМ .....20 лица-уплати за реализација.

НАПОМЕНА:

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Covid 19 – Услови

За влез во Р.Турција, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

- Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против корона вирус пред влез во Турција, која е издадена од овластена здравствена установа;

- Негативен резултат од PCR тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;

- Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;

- Негативен резултат на брз антигенски тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

Covid 19 – Услови

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

-  Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
- Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
- Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

 

https://www.youtube.com/watch?v=amUZWxz7UA4

https://sanalmuze.gov.tr/TR-259961/anadolu-medeniyetleri-muzesi---ankara.html

https://www.youtube.com/watch?v=1Fyl3hCTSTM

https://www.youtube.com/watch?v=rdAh09d7PKg

https://www.youtube.com/watch?v=_FsK2fQlKy8

https://www.youtube.com/watch?v=vda519GzESM

https://www.youtube.com/watch?v=KTB8x-Z385w

https://www.youtube.com/watch?v=WE-yQlg-YRg

https://www.youtube.com/watch?v=4kMQs2ALA94

https://www.youtube.com/watch?v=9T11cii3m2c

 

ПАТУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ СПОРЕД НАЈВИСОКИ ЗДРАВСТВЕНИ СТАНДАРДИ, ХОТЕЛИТЕ ВО КОИ ШТО ЌЕ БИДЕМЕ СМЕТЕНИ ПОСЕДУВААТ СЕРТИФИКАТИ ЗА РАБОТА ВО COVID УСЛОВИ

НОВО НОВО НОВО !!!!!!!!!!!  МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМБИНИРАН ПРЕВОЗ АВИОН И АВТОБУС И ТОА:

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ИСТАНБУЛ - АНКАРА ПА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ГРУПАТА,

                                    АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ИЗМИР - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

                                    

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .