ВЕНЕЦИЈА ВЕРОНА ФИРЕНЦА

ЦЕНА :
Количина  

Термини:                       04.03.-08.03.2022 ;

                                      22.04.-26.04.2022;

                                      20.05.-24.05.2022

                

 

ВЕНЕЦИЈА и ВЕРОНА со Фиренца

 

1 ден СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот „вип” во 14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден ВЕНЕЦИЈА (Лидо Ди Јесоло)

Пристигнување на пристаништето „Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во претпладневните часови. Превоз со брод „вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: Плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со бродот до Пунта Сабиони и трансфер до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите италијански градови, познат и како „Бисерот на ренесансата“. Панорамско разгледување на градот: Палатата и мостот Векио, крстилницата Сан Џовани, плоштадот Сињори... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА

Појадок.  По појадокот напуштање на хотелот и упатување на групата кон Верона. Организирана посета и разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: плоштадите Ербе, Данте и Бра, Големата арена, куќата на Јулија...  Слободно време до заминување кон Македонија. Патот со кратки одмори, води покрај Трст и Љубљана. Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

5 ден. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 или 1/3 соба 125еур (7.750,00 мкд)

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИЦИ

Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

Општите услови за патување на Организаторот на патувањето и СКТМ се составен дел од овој аранжман

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел ***, 2 ноќевања со појадок

- Посета и разглед на Верона

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз од Лидо до Пунта Сабиони+ превоз со брод „вапорето” од Пунта Сабиони - Венеција и обратно + разглед на Венеција (20 €)

- Туристичка такса од ноќевање (се плаќа во хотелите во Италија)

- Факултативна посета на Фиренца со вклучен трансфер и локален водич (45 €)

- Влезници за музеите и културно - историските споменици

- Задолжително патничко осигурување

Забелешки:

- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;

- Целосна уплата, десет дена пред започнување на аранжманот;

- Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени и цената на аранжманот;

- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја

зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .