НОВИ САД И БЕЛГРАД

НОВИ САД И БЕЛГРАД

Термини: МАРТ   04.03.-06.03.2022; 

                АПРИЛ 08.04.-10.04.2022; 

                МАЈ      29.04.-01.05.2022

Прв ден. Состанок на групата во 00,30  часот на паркингот пред ВИП хотел. Заминување  кон Нови Сад со попатни паузи.

Пристигнување во Нови Сад во утринските  часови. Посета на ПЕТРОВАРАДИНСКАТА ТВРДИНА. Рагледување на : капиите и шанците, Парадното плато со Топовњачата, Лудвиговиот бастион со саат кулата, Платото на Марија Терезија со уметничките атељеа... Преку Каштел капијата  се симнуваме во подрумот на тврдината и разглед на : манастирот со црквата Св.Јура, Бискупијата, Бановата палата, Аптеката Златен орел (најстарата аптека во Војводина) , Београдската капија... Продолжување до СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ. Посета на еден од бастионите на српската култура. Разглед на  Богословијата Св.Арсение (најстара школска установа од овој тип во Србија), Стефанеум (Српски културен институт, оставина од митрополитот Стефан Стратимировиќ), Патријаршискиот двор (некогашно седиште на Српскиот патријарх, денес седиште на Сремската Епископија), Соборната црква Св. Николај ( разглед на најубавиот барокен иконостас во Србија), Гимназијата, Фонтаната „4 лава“, ...  Заминуваме за НОВИ САД. Панорамско разгледување на градот: Бановина, Мали Лиман, СПЕНС, стадионот на Војводина, Булеварот Слобода, улицата Јован Цвијиќ, Кисачка улица, Еврејската улица со Синагогата,... Прошетка по историскиот центар на градот со разглед на : Српскиот Народен Театар, Полштадот на Слободата, Магистратот (Градска куќа), Катедралата, Споменикот на Светозар Милетиќ, Порта со палатата Ватикан, Лебарскиот сокак, Соборната црква, Змај Јовината улица и Дунавската улица со градски палати од  XVIII и XIX век ( палата Дунѓерски, Црногорска амбасада,... Сместување во хотел . Ноќевање.

Втор ден. Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки низ Нови Сад. Попладне посета на еден од познатите салаши и посета на винарија со дегустација на вино и мед (факултативно). Враќање во хотел.  Вечерта, можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.

Трет ден. Појадок. Напуштање на собите. Заминување за Београд. Панорамски разглед на градот: храмот Св.Сава на Врачар, Славија, Београѓанка, Теразие, плоштадот на Републиката, Народниот музеј, Народниот театар... Прошетка по Београдската тврдина со разглед на: Стамбол капијата, Саат Капијата, Калемегдан... Кратка прошетка по Кнез Михајлова улица. Продолжување на патот кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.  

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 4.990 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел  во Нови Сад  на база 2 Н/П,
  • Разглед на Нови Сад, Петроварадин, Сремски Карловци со водич
  • Пратител на групата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за локалитети
  • Дегустација на вино

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .