БУДВА И ОСТРОШКИ МАНАСТИР

БУДВА И ОСТРОШКИ МАНАСТИР - ЦРНА ГОРА

ТЕРМИНИ:        03.03.-06.03.2022;

                        22.04.-25.04.2022;

                       20.05.-24.05.2022

             

1 ДЕН (четврток): Состанок со групата во 21:30 часот на паркинг пред хотел Вип, заминување во 23 часот. Се патува преку граничен премин Блаце во Косово, Албанија и Црна Гора. (ноќно возење). 
2 ДЕН  (петок): Пристигнување на манастирот Свети Василиј Острошки во утринските часови. Во утринските часови присуствување на утринската Литургија. По Литургијата , посета на манастирот Дајбабе (Успение на Пресвета Богородица) и поклонување пред моштите на свети Симеон Дајбабски.Потоа тргнување кон Будва. Пристигнување во Будва, сместување во Вила Монтерио. Слободно време за разглед ,прошетка, посета на некоја од плажите, индивидуални активности. Ноќевање.  

3 ДЕН (сабота): Факултативна посета на заливот Бока Которска, Котор, Херцег Нови. Попладнето слободно време за прошетки низ Будва. Ноќевање. 

4 ДЕН (недела) појадок, по појадокот, прошетка, посета на некоја од плажите, индивидуални активности. Во 15 частот заминување за Скопје, попатно затанување за фотографирање на Свети Стефан. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 4.200,00 денари во готово или на 3 рати

                                      3.800.00 денари ЕКСТРА ЦЕНА во готово за уплата најмалку 20 дена пред тргнување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус

Едно ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор

Едно ноќевање со појадок во Вила Монте Рио Будва

Придружник за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец

Туристичка такса во Црна Гора-1 еур

Бока Которска, Котор, Херцег нови - 20 еур

Патничко осигурување

Дополнителни информации:

      Потребно е да се понесе храна за време на патувањето

      Можност за ручек во ресторан во близина на Долниот манастир

Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.

 

 

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .