ИСТАНБУЛ И ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ со 3 ноќевања+

Термини:    АПРИЛ             28.04.-03.05.2022 - 3 BB

                    МАЈ                  20.05.-25.05.2022 - 3 BB

                                    

               

Цена на аранжманот:за 3 BB 110 ЕУР ( 6.820,00 денари ) 

                                  

ИСТАНБУЛ со 3 ноќевања

 

1 ДЕН   СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата спроти хотелот VIP во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и Бугарија. Ноќно возење.

2 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул - брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54от кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН  ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок.По појадокот околу 9 часот факултативено крстарење  по Босфор. Продолжуваме со разглед  кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да се снабдиме со некој сувенир, златен накит или слично. Попладнето слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна на брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во ИстанбулТурција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон Црквата „Свети Стефан”позната како Железна црква, која е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Го посетуваме и Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и еклектичкиот микс од цркви, џамии и синагоги. Предлагаме релаксиран и прекерасен излет , крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Големиот остров. Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање

5 ДЕН ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Бугарија, ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН  СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Три ноќевања со појадок во хотел 3* 
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум или 212, Аја Софија, Хиподром, Сината Џамија, Капали Чаршија
  • Туристички пратител на програмата

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години 30% попуст

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување - 250 денари
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  За реализација на аранжманот потребни се  30 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

         Факултативни излети и посети

Пакет 1 : 35 €

Панорамски разглед на градот                                                                                     10 €

Таксим                                                                                                                               5 €

Чамлиџа                                                                                                                          10 €

Посета на Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција                                               20 €

Пакет 2 : 35 €

Патријаршија,Железната црква и Балат                                                                      15 €                                                                                                 

Крстарење по Босфор                                                                                                    20 €

Отомански и Византиски Истанбул                                                                               10 €

Аја Софија

Пакет 3: 60 €

Топ Капи (без Харем)                                                                                                       25 €

Харемот во Топ Капи палатата                                                                                       20 €

Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница                                                     25 €

Останати факултативи

Вечера на брод со Турска програма                                                                               40 €

Miniaturk                                                                                                                             10 €

Istanbul night tour                                                                                                                 5 €

Трговски центар  Watergarden + Istanbul night tour                                                         20 €

Аквариум                                                                                                                            20 €

Принцески острови                                                                                                            20 € 

 

НАПОМЕНА:

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА НА ФАКУЛТАТИВИ ВО АГЕНЦИЈА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ ОД 10% НА ОДБРАНИТЕ ПАКЕТИ ИЛИ ФАКУЛТАТИВИ

УСЛОВИ 

- МИНИМУМ 20 ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА 
- Целосна уплата, десет дена пред започнување на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

НАПОМЕНА

Задолжително патничко осигурување
За овој ценовник важат општите услови за патување на ТА ВИСТА ТУРС
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Локација на GoogleMap .