02 / 3 20 10 80

ТЕЛЕФОН

бул. К. Ј. Питу бр.28 лок. 2

АДРЕСА

8:00 - 17:00

Пон -Саб

Хотел ЧИНГО – Охрид

Хотел ЧИНГО – Охрид

Хотелот ЧИНГО е модерен и атрактивен хотел со пристапни цени, лоциран во центарот на Охрид.

Сместен на 500 метри од Охридското Езеро и 150 метри од центарот на Охрид, хотелот Чинго нуди 24/7 достапност за гостите.
Појадок се служи секој ден. Лоби барот е исто така на располагање на гостите. Супермаркет има на оддалеченост од 10 m, а главниот пазар со зеленчук и овошје е на 20 m.
Приемот на гости е 24 часа на ден, но чекирањето е од 14 часот а одјавувањето најкасно до 12 часот. Централната автобуска станица во Охрид е на 1 км оддалеченост, додека Охридскиот аеродром е оддалечен 10 км. Најблиската автобуска постојка е на 2-минути оддалеченост.

Располага со 34 двокреветни соби (double/twin), трокреветни (triple), како и два типа на апартмани. Сите апартмани се опремени со кабелска ТВ, клима уред, мини бар, директна телефонска линија, интернет конекција (Wi-Fi), фрижидер и сопствена бања со туш.
Ентериерот е во современа уметничка изведба. Хотелот ЧИНГО Ви нуди сервис за перење и пеглање на облека и располага со сопствен паркинг, обезбеден со безбедносни уреди за надгледување. Во хотелот се наоѓа бар како и ВИП соба за состаноци.
Ресторанот е со капацитет од 120 лица и е климатизиран. Појадокот се служи на шведска маса.
Услугите во хотелот можат да се наплатат во готово и со следните платежни картички: VISA, VISA Electron, Maestro, Mastercard, DINERS, American Express.

Во тивка атмосфера, прекрасен амбиент и квалитетна услуга, хотелот ЧИНГО Ви овозможува незаборавен престој во Охрид. Ова е омилениот дел на нашите гости кои доаѓаат во Охрид, според независни коментари и оцени кои ги оставаат! Ве очекуваме!

By

Social Share Buttons and Icons powered by Ultimatelysocial