Почитувани родители, како водечка агенција која организира ученички екскурзии задоволство ни е да Ви ја преставиме новата WEB страна како и платформата за online пријавување и можност за плаќање на сите ученички екскурзии кои се организирани од наша страна.

На WEB страната ќе може да ги добиете информациите за екскурзиите, местата на посета, видот на сместување, датумот на екскурзиите, начинот на плаќање како и да добиете фактура или пополнет вирман за плаќање како и договор помеѓу Вас како родител/старател на Вашето дете и нашата агенција.

“Шифра на училиште” за влез во платформата ќе добиете од страна на наставниците на Вашите деца, каде ќе треба да ги внесете бараните податоци и да го извршите плаќањето.

Задоволство ќе ни биде да бидете корисници и на други наши патувања.

Би сакале да Ве информираме дека сите корисници на училишната платформата кои ќе го изберат овој начин на плаќање ќе добијат 3% попуст за некое идно избрано патување.

Со почит,

Тимот на ВИСТА ТУРС