02 / 3 20 10 80

ТЕЛЕФОН

бул. К. Ј. Питу бр.28 лок. 2

АДРЕСА

8:00 - 17:00

Пон -Саб

Хотел ИЛИНДЕН – Струмица

Хотел ИЛИНДЕН – Струмица

Почитувани родители, поради малиот број на сместувачки капацитети на хотелите во градот Струмица што работат со ученички екскурзии имаме направено договор со хотел Илинден како носител на договорот за сместување за училишните екскурзии а истите во зависност од пријавниот број ги распоредуваат учениците во хотелот Илинден, во Studio Inn и во Урбан студио апартманите во непосредна билизина на хотел Илинден.

https://urban-studio-apartments.macedonia-hotels.com/en

https://www.mkmap.eu.mk/index.php/hotels/item/3228-hotel-studio-in

http://hotelilinden.com.mk/

Во срцето на градот Струмица- најсрдечното место во Македонија; во македонскиот Њуорлеанс- како што некои ја нарекуваат Струмица- позната по добрата музика и одличниот ноќен живот, со живописни улици и градби, со топла насмевка на лицата на луѓето и поинаков пулс на живеење и оригинално чувствување на светот- ве очекува и дочекува единствениот скапоцен камен на струмичката хотелиерска круна- Хотел Илинден!

Не станува збор за тоа дали додаваме или одземаме од магијата на самиот хотел кога го спомнуваме ова- едноставно, тоа е така: сонцето се чувствува во очите на луѓето во Струмица, сонцето се чувствува во собите и уредувањето на нашиот хотел, сонцето се чувствува на лицата на нашиот персонал, а сонцето го чувствувате и вие кои секогаш не посетувате и сте дојдени токму по ова августовско сонце, без оглед дали веќе го имате запознаено- зашто ќе го препознаете уште од прво видување- за да го понесете со себе онаму каде што сте се упатиле или каде што ќе се вратите: сонце кое ве крепи длабоко во зимата, дури до следното ваше навраќање, без оглед колку време и да ви треба за да ни се вратите нам, зашто токму тоа илинденско сонце, знаеме сигурно ќе ве врати кај нас! Доброто не се заборава и на доброто со добро се враќа, а ние знаеме да се однесуваме со вас повеќе од добро- не за да добиеме некаква корист од вас, туку токму за да ви го дадеме она што никаде, или ретко каде, можете да го најдете- топлина и добрина, а за возврат бараме само да го раширите добриот глас за Хотел Илинден!

By

Social Share Buttons and Icons powered by Ultimatelysocial