8-ми Март во Истанбул
1 ДЕН СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата пред х.Континентал во 16.00ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул – брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54от кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон Црквата „Свети Стефан”позната како Железна црква, која е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Го посетуваме и Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и еклектичкиот микс од цркви, џамии и синагогиПотоа се упатуваме кон пристаништето од каде што го започнуваме нашето крстарење по Босфор.По крстарењето продолжуваме во стариот дел на градот кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да се снабдиме со некој сувенир, златен накит или слично. Попладнето слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна Турска културно уметничка и забавна вечер на брод (ноќно крстарење по Босфор со вклучена вечера) или Istanbul night tour. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Бугарија, ноќно возење со попатни паузи.
5 ДЕН СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.