02 / 3 20 10 80

ТЕЛЕФОН

бул. К. Ј. Питу бр.28 лок. 2

АДРЕСА

10:00 - 17:00

Пон -Саб

8-ми Март во Истанбул со 3 ноќевања

8-ми Март во Истанбул со 3 ноќевања

04.03-09.03.2026– 3 BB

Цена: 135 € / 8.370.00 ден. Редовна цена 155 €

1 ДЕН   СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата пред х.Континентал во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30ч од Скопје. Ноќно возење.

2 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул – брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54от кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН  ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок.По појадокот околу 9 часот факултативено крстарење  по Босфор. Продолжуваме со разглед  кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да се снабдиме со некој сувенир, златен накит или слично. Попладнето слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна на брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во ИстанбулТурција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон Црквата „Свети Стефан”позната како Железна црква, која е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Го посетуваме и Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и еклектичкиот микс од цркви, џамии и синагоги. Предлагаме релаксиран и прекерасен излет , крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Големиот остров. Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање

5 ДЕН ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Бугарија, ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН  СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Три ноќевања со појадок во хотел 3* 
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум. Сината Џамија и Капали Чаршија
  • Туристички пратител на програмата

Попусти за деца:

Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

Деца од 3 до 10 години плаќаат 90евра (кога се придружувани од двајца возрасни)

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување – 350 денари
  • Туристичка такса 1 ево од ден
  • Доплата за сингл соба е 70 евра дополнително од аранжманот
  • Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  За реализација на аранжманот потребни се  40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

Факултативни излети и посети

Пакет 1 : 20 €

ПАКЕТ 1 20 eur
Панорамски разглед на градот 15 €
Патријаршија,Железната црква и Балат 15 €
Отомански и Византиски Истанбул 15 €
ПАКЕТ 220 eur
Таксим 10 €
Чамлиџа 10 €
Ускудар 15 €
ОСТАНАТИ ФАКУЛТАТИВИ
Крстарење по Босфор 20 €
Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница 50 €
Аја Софија 30 €
Istanbul night tour и Ortakoy  5 €
Турска вечера на брод  со програма, вечера и 2 пијалока (локални)                            40 €
Турска вечер во ресторан ГАР со програма, вечера и 2 пијалока(локални)                  30 €
Посета на Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција 40 €
Аквариум  25 €
Принцески острови 20 €

НАПОМЕНА:

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

By

Social Share Buttons and Icons powered by Ultimatelysocial