ТУМАНЕ

МАНАСТИР ТУМАНЕ-ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА-

СРЕБРЕНО ЕЗЕРО

Амбиенталната убавина од една и духовниот мир од друга страна, на манастирот Тумане е идеална дестинација за воздигнување како во духовна така и во културно - историска смисла. Манастирот Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац.Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изрежал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидините на величенствената тврдина.Како изгледале црквата и комплексот манастири Тумане не е возможно да се утврди со оглед дека во средниот век и турското ропство манастирот ги носи бремето и страдањата на својот народ. Манастирот бил ограбен, срушен, запален но како и народот секогаш бил обновуван. Сегашната црква е подигната и осветена во 1924 година.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден (сабота)14.05.2022  СКОПЈЕ - ТУМАНЕ
Состанок на групата во 22:00 часот на паркингот пред х.Вип, наспроти East Gate, во Скопје.Поаѓање во 22:30 часот, со попатни паузи за царински формалности и одмор. 
2 ден (недела)15.05.2022  ТУМАНЕ – ГОЛУБАЦ - СКОПЈЕ
Пристигнување во Манастирот Тумане во раните утрински часови. Манастирот е посветен на Светиот Архангел Гаврил, расположен во Голубачка Долина, на истоимениот поток. Присуствување на Света Литургија. Поклонување на моштите на големите подвижници Светите Зосим и Јаков Тумански, на чии мошти секојдневно се случуваат чудеса и исцеленија, а поради тоа манастирот Тумане е наречен Ѓердапски Острог. По литургијата заминуваме кон камената пештера во која живеел Свети Зосим. Покрај пештерата извира лековита вода од која патниците може да си понесат за здравје. Во 11:00 часот се враќаме во манастирот каде ќе присуствуваме на уште една групна молитва.По завршување на молитвата се уаптуваме кон Голубац (Голубачки град или Голубац) средновековна тврдина споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии.Во 15:00 часот заминуваме кон Скопје со  пауза во Крњево за ручек.  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 1.500,00 мкд

  • Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
  • Превоз на наведенита реација
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на манастир Тумане
  • Посета на Сребрено езеро


Понудата не вклучува:

  • Влезница за Голубачка тврдина
  • Индивидуални трошоци

Напомени:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на ВИСТА ТУРС и СКТМ

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .