Возен парк

 

Како претпријатие за услуги во патниот сообраќај, постоиме од 2008 година. Согласно член 7 од Законот за превоз во патниот сообраќај,поседуваме лиценца за превоз во внатрешниот патен сообраќај и лиценца за превоз во меѓународниот патен сообраќај. Нашата основна дејност е превоз на патници како и услуги во туризмот. Нашата туристичка агенција е специјализирана за превоз на организирани групи, индивидуални аранжмани и организирање на специфични патувања во соработка со крајните корисници. Нашиот возен парк ги исполнува условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз. 
Со цел максимално ефикасен пристап во исполнувањето на потребите и очекувањата  на клиентите,константно го обновуваме нашиот возен парк, а постоечките возила редовно се одржуваат во овластени сервиси. Истите се управувани од професионално обучени возачи.
Како Друштво за транспорт,трговија и туризам им гарантираме на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.