Корисни информации

ОПШТО ЗА ПАТУВАЊЕ:

Безбедноста на Клиентите и безбедноста на персоналот е единствениот најважен фактор во сè што го прави и организира ТА ВИСТА ТУРС.  За таа цел пред секое патување тимот на ТА ВИСТА ТУРС изготвува план за патување, ги разгледува и согледува дневно политичките состојби во државата каде што се патува, ја прати временската состојба на трасата на патувањето како и на местата на посета, ја прати состојбата на патиштата по кое се реализира секое патување и сл.

Тимот на ТА ВИСТА ТУРС на секое патување дели совети и предупредувања, за околностите и состојбите во кои се случуваат и во кои се наоѓаат патниците на одредено патување и истите благовремено превземаат акција за надминувањето на настанатите состојби. 

Слободно време
Секоја земја има свои проблеми со ситен криминал и кривични дела кои произлегуваат од истите, и кога сме на одмор, сите сме поопуштени, полежерни со што стварите и добрата на патниците стануваат лесен плен на криминалците. Во такви средини препорачуваме накимална претпазливост и превземање на мерки за минимизирање на можноста од кражба.
Најчест интерес на ситните крадци се : накитот, фото апаратите, мобилните телефони, таблетите и компјутерите.
• Внимавајте да не го изгубите вашето богатство: како накит, фото апарати, мобилни телефони и компјутери
• Ако се носи торба, бидете сигурни дека истата е прицврстена безбедно за вас, а не лабаво прицврстена над Вашето рамо
• Освен ако не се бара да го сторите тоа, никогаш не го носите вашиот пасош и авионски билет со вас на разгледите, и понесете само онолку пари колку штоВи се потребни за тој ден. . Вашите пари и скапоцености ќе биде многу посигурни во хотелскиот сеф. Ако можете, скенирајте ги вашите важни документи ( пасоши, лични документи) и да ги чувате на вашиот е-маил.