Осигурување

Патничко осигурување  /    Каско осигурување 


Со патничкото осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. 
Нашите осигурувања се изработени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.
Со цел задоволување на вашите специфични потреби можете да одберете некој од следниве пакети на покритие:
Оптимум
Премиум
Ски пакет


 Со патничка полиса - Оптимум се обезбедува здравствена помош,осигурување од незгода и осигурување друга помош при патување.
Ризици опфатени со осигурувањето:                                                               
•    Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај
•    Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
•    Продолжување престој по препорака на доктор - сместување во хотел
•    Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина


Со патничка полиса - Премиум се обезбедува здравствена помош,осигурување од незгода и осигурување друга помош при патување
како и осигурување багаж. 
 Ризици опфатени со осигурувањето:                                           
•Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај                                            
•Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина            
•Продолжување престој по препорака на доктор - сместување во хотел                        
•Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина            
•Багаж - кражба, оштетување и уништување                                                                      
•Багаж - задоцнето пристигнување во странство


Ски Пакет покритие важи за зимските спортови скијање и сноуборд, доколку се занимавате со истите исклучиво аматерски.                                                      
Ризици опфатени со осигурувањето:
•    Доцнење, губење или кражба на ски опрема (скии, чевли, штеки, ски борд) при транспорт
•    Болест или повреда при зимување
•    Затворање терени
•    Лавина или слегнување на земјиште     


Каско осигурување обезбедува целосна заштита на вашето моторно возило од речиси сите ризици на кои е изложено.

Со цел обезбедување најсоодветно покритие за вашите потреби, дизајниравме повеќе пакети за каско осигурување со различни опции за покриените ризици.

 
  Потполно каско осигурување ги покрива штетите настанати од:
•    Сообраќајна незгода (превртување, удар, лизгање, урнување)
•    Удар од моторно возило додека вашето возило е во мирување – паркирано или запрено
•    Пожар и удар на гром
•    Експлозија
•    Луња и град
•    Снежна лавина
•    Летала
•    Манифестации и демонстрации
•    Провална кражба, разбојништво и одземање моторно возило
•    Злонамерни постапки на трети лица
•    Оштетување на тапацирот во возилото при давање помош на повредени лица
•    Поплава, порој и високи води
     
Со посебно договарање и доплата може да се договори:
•    Осигурување дополнителна опрема
•    Осигурување на трошоци за некористење возило
 
Согласно со индивидуалните потреби и ризици на кои сте изложени дизајниравме каско производи со ограничено покритие и по пониски цени:
•    Потполно каско осигурување без ризик кражба
•    Потполно каско осигурување без ризик сообраќајна незгода (ДОБАР ВОЗАЧ)
•    Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици
•    Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба
•    Делумно каско осигурување од ризик кражба
•    Делумно каско осигурување само за време на мирување
 
Со продажба на возилото, осигурувањето не се префрла на новиот сопственик.
Стариот сопственик има право на поврат на премија за неискористениот дел од полисата.                                                                                                                            (неискористениот дел да е период подолг од 30 денови).