Сигурност при плаќање

www.vistaturs.mk  е максимално посветена на сигурноста и доверливоста на целокупното свое работење. Притоа наш приоритет е комплетната сигурност на нашите купувачи при плаќањето и користењето на своите кредитни картички.

Сигурноста при плаќање во  www.vistaturs.mk  е гарантирана преку имплементација на најдобрите технички решенија и процеси:

Најквалитетни партнери за финансиски трансакции

Сите платежни трансакции на  www.vistaturs.mk се извршуваат со помош на системот на Уни Банка кој е овозможен и подржан од Casys- Cpay реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери го користиме целото светско искуство во оваа област за да овозможиме максимална сигурност и доверливост на вашите трансакции.

Чување на податоци

Единствената институција која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци (број на кредитна картичка) е нашиот доверлив партнер Уни Банка.

Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка системот автоматски ве пренасочува на сигурна веб страна на банката, каде што го внесувате бројот на картичката и ја потврдувате трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоки банкарски критериуми за сигурносно работење.

www.vistaturs.mk ги нема податоците од вашата картичка.

Доказ дека Вашите финансиски податоци кои ги оставате при купувањето не остануваат во eprint.mk, е и тоа што, при секое купување одново мора да го внесете секој податок потребен за реализирање на трансакцијата.

www.vistaturs.mk  е доверлив партнер на вашето секојдневие!!!