ОСТРОШКИ МАНАСТИР

ЦЕНА :
Количина  

Термини:      СЕКОЈ ПЕТОК

       

24.06-26.06.2022
08.07-10.07.2022
15.07-17.07.2022
22.07-24.07.2022
29.07-31.07.2022
05.08-07.08.2022
12.08-14.08.2022
19.08-21.08.2022
26.08-28.08.2022
02.09-04.09.2022
16.09-18.09.2022
23.09-25.09.2022
30.09-02.10.2022

            

1 ДЕН (петок): Состанок со групата во 22:30 часот на паркинг пред хотел Вип, заминување во 23 часот. Се патува преку граничен премин Блаце во Косово, Албанија и Црна Гора. (ноќно возење). 
2 ДЕН  (сабота): Пристигнување во утринските часови во Црна Гора,  се продолжува кон манастирот Острог. Пристигнување, по желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 ДЕН (недела): Во утринските часови присуствување на утринската Литургија. По Литургијата , посета на манастирот Дајбабе (Успение на Пресвета Богородица) и поклонување пред моштите на Св. Симеон Дајбабски. Тргнување кон Суто Море. Пристигнување во Суто Море, слободно време за индивидуални активности.Заминување за Скопје во 17 часот. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.

 

Цена: 1.600.00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус

Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор

Придружник за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Ноќевање во Долниот конак 5 (се плаќа во конакот)

Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1за лице во правец

Туристичка такса во Црна Гора-1

Патничко осигурување

Дополнителни информации:

Може да се патува само со лична карта.

Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.

 

 

Информации и резервации: 02/3 20 10 70, 02/ 3 20 10 80, 078/ 44 44 55

 

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

НАПОМЕНИ:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Локација на GoogleMap .