САРАЕВО И МОСТАР СО 3 НОЌЕВАЊА

САРАЕВО И МОСТАР СО 3 НОЌЕВАЊА

20.05-25.05.2022

1 ДЕН: 20.05.2022 Тргнување на групата за Мостар во 18 часот. Се патува преку граничниот премин Блаце,Косово,Албанија н Црна Гора. Попатни паузи за царински формалности и кафе паузи.

2 ДЕН:21.05.2022 Пристигнување во Меѓугорје во утринските часови. Посета на водопадите Кравица. Тргнување кон Мостар, разглед на градот и стариот Камен Мост,Саат Кулата, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани...сместување во хотел.Посета на Врело Буне приридниот и архитеконски ансамбал на реката Буна. Ноќевање.

3 ДЕН:22.05.2022 Појадок, по појадокот заминување за Сараево,  попатна посета на срушениот мост од Втората Светска војна  познат како битката на реката Неретва. Пристигнување во Сараево, посета на Врело Босне, изворот на реката Босна,прошетка и разглед на градот и знаменитостите со локален водич: Хусревбеговата Џамија, Катедралата, Принциповиот мост, местото на атентатот на Франц Фердинанд, Баш Чаршија и др.. Сместување во хотел.Ноќевање.

4 ДЕН:23.05.2022 Појадок, по појадокот  факултативна посета на Босанските пирамидите. Враќање во Сараево, слободно време за прошетка низ Башчаршија.Ноќевање.

5 ДЕН:24.05.2022 Појадок, по појадокот одјавување од хотелот. Тргнување кон Камениот Град ( Андреев Град ) со попатна посета на мостот на Дрина-Вишеград и Дрвенград – туристичката населба на Мокра Гора, градот изграден по мерка на Емир Кустурица. Во попладневните часови тргнување кон Скопје.

 

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ:   6.510,00 ден (105 € )

                                   

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Автобуски превоз на горенаведената релација

Разглед на Сараево со локален водич

Посета и разглед на Мостар и Вишеград

Посета на Мокра Гора (Дрвенград),

Сместување во хотел  4* на база 1 BB( ноќевање со појадок) во  Мостар

Сместување во хотел  4*  на база 2 BB( ноќевање со појадок)во Сараево

Организација на патувањето и пратител

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Задолжително патничко осигурување 250,00 ден.

Доплата за сингл соба е 45 евра дополнително од аранжманот

Влезници Водопади Кравица, Врело Буне,Врело Босна и Дрвенград  20 €

Посета на Босанските пирамиди                                                              20 €

 

 

 

 


 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За реализација факултативата потребно е да се пријават миниум 20 патници
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • За ова патување потребно е сертификат за вакцинација (минимум 2 дози), или РАПИД (брз) антиген тест.
  • За ова патување, при влез и излез во Р.Србија или БиХ, може да се приложи ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Т.А.Виста Турс.

 

 

 

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.
Локација на GoogleMap .