БУДИМПЕШТА И ВИЕНА
|
13.04.-17.04.2023 (ВЕЛИГДЕН)
Цена 7.310,00 ден (115 € ) до 20.03.2023
редовна цена 8.370,00 ден (135 €)
Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
1 ден 13.04.2023 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во 17.30 часот пред х.Континентал. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 14.04.2023 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативен разглед на градот со локален водич:Плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Будим - Цитаделата, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, , , црквата на кралот Матејас ,Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци....Сместување во хотел. Вечерта факултативно крстарење по Дунав. Ноќевање.
3 ден 15.04.2023 БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок, по појадокот, препорачуваме факултативна посета на Виена, со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан, дворецот Шербрун(влезница за во дворецот не е вклучена во цената), Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
4 ден 16.04.2023 БУДИМПЕШТА БРАТИСЛАВА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот, организиран превоз до улицата најпознатата и најубава улица во Будимпешта- Ваци… Слободно време за индивидуалниактивности,ручек, прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор.
5 ден 17.04.2023 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
- Организација и водство на програмата
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250 денари
- Крстарење по Дунав (20€)
- Разглед на Будимпешта со локален водич (10€)
- Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF (30€)
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
- Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
- Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
- Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
- ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
- Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
- Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
- Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Виста турс.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари